Top Sport

Баерн славеше во Дортмунд и се одлепи на табелата во Бундеслигата

Актуелниот германски шампион, Баерн Минхен со 3-2 славеше во Дортмунд, против тимот на Борусија во дербито од 14. коло во Бундеслигата.

Иако „милионерите“ уште во 5. минута го отворија резултатот со голот на Брандт, само 4 минути подоцна Левандовски израмни на 1-1.

За водство на гостите во Минхен на полувреме се погрижи Коман кој биеше прецизно во 44 минута за 2-1.

Во вториот дел ѕвездата на Борусија – Ерлинг Халанд носи израмнување на 2-2, во 48 минута.

Сепак, Левандовски со својот втор гол, овојпат од пенал во 77 минута ги поставува конечните 2-3.

Сега Баерн се одлепи на врвот на табелата на +4 бода од Борусија, баварците имаат 34, додека „милионерите“ остануваат на 30 поени.

Scroll to Top