Top Sport

Заврши сезоната за Бане Ивановиќ

Српскиот репрезентативец Бранислав Ивановиќ поради повреда ја заврши сезоната, меѓутоа неговиот настап на Светското првенство во Русија не е под знак прашалник.

Ивановиќ бил заменет по само 18 минути игра во дербито помеѓу Зените и ЦСКА Москва. Дека сезоната за искусниот дефанзивец е завршена потврдил и тренерот на Зенит, Роберто Манчини.

Како што објавија српските медиуми повредата нема да биде пречка Ивановиќ да биде дел од екипата што ќе насташи на Светското првенство во Русија.

Ивановиќ, сезонава одиграл 38 натпревари за Зенит и постигнал пет гола. За српската репрезентација има одиграно 102 натпревари.

Србија подготвките за настап на мундијалот ќе ги започне на 28.мај во Белград. На Светското рпвенство Србите се во група со Бразил, Швајцарија и Костарика.

Scroll to Top