Баерн Минхен под „команда“ на Јуп Хајнкес се врати на победите, откако успеа со 5:0 да го совлада тимот на Фрајбург и да се искачи на второто место на табелата со 17 поени, два помалку од лидерот Борусија Дортмунд, со натпревар повеќе.
Хајнкес беше донесен како „спасител“ на Баерн по лошиот старт на сезоната на италијанскиот тренер Карло Анчелоти и имаше совршен старт на четвртото владеење со тимот, со лесна победа против Фрајбург. Баерн поведе уште во осмата минута со автоголот на Шустер, пред Коман во 42. минута да го зголеми водството. Во второто полувреме голови постигнаа и Алкантара, Левандовски и Кимих во финишот на мечот за супер-победа.
Хофенхајм го загуби второто место во мечот по ремито 2:2 против Аугзбург, додека Шалке стигна до важна 2:0 победа на гости во Берлин кај Херта.
БУНДЕСЛИГА, 8.КОЛО
Баерн М. – Фрајбург 5:0
Хановер – Ајнтрахт 1:2
Херта – Шалке 0:2
Хофенхајм – Аугзбург 2:2
Мајнц – Хамбургер 3:2