Top Sport

Ливерпул не ја „скрши“ одбраната на Јунајтед

Ливерпул беше задржан на фрустрирачко реми без голови од Манчестер јунајтед во големото дерби на англискиот фудбал на „Енфилд“, и сега имаат само една победа во последните осум мечеви.

„Црвените“ доминираа во поголем дел од мечот и упатија 19 удари кон голот на Јунајтед, но комбинацијата на одлични интервенции на Давид де Хеа и слабата реализација на домашните навивачи значи дека Јунајтед си заработи поен од тешкото гостување.

Најдобрата шанса во слабото прво полувреме ја имаше Матип, кога од близина го погоди само Де Хеа, по што Мохамед Салах одбиената топка ја исфрли во гол-аут. Јунајтед не напаѓаа многу во првото полувреме, освен преку Ромелу Лукаку при крајот на полувремето. Во второто полувреме, Ливерпул беа уште подобри, но Емре Чан не погоди со одличниот волеј-удар од осум метри.

Со поенот, Јунајтед, кои имаат 9 натпревари без примен гол во последните 10 лигашки натпревари, се враќа привремено на првото место на табелата со еден поен предност пред Манчестер сити, кои играат со Стоук попладнево.

Scroll to Top