Top Sport

Баерн тргна по Родриго Морено

Германскиот шампион Баерн од Минхен за наредната сезона планира да доведе уште еден напаѓач и за таа цел клубот е подготвен да издвои 60 милиони евра.

Двајца фудбалери се во фокусот на баравскиот великан, а според информациите во пол-позиција е Родриго Морено од Валенсија, откако Баер Леверкузе одби 60 милиони евра за 20-годишниот крилен напаѓач Лион Бејли.

Родриго Морено сезонава е еден од најзаслужните што Валенсија избори пласман во Лигата на шампионите. Тој во Ла Лига оваа сезона постигна 16 гола. Таквата форма му донесе и повик во шпанската репрезентација, а веројатно и ќе биде меѓу патниците за мундијалот во Русија.

Баерн ја испратил понудата за крилниот напаѓач и сега го чека одговорот од „Местаља“.

Scroll to Top