Top Sport

Баерн утна еден пенал, но го погоди вториот за драма во Волфсбург (видео)

Баерн Минхен стигна до нова, 19 победа во Бундеслигата во 23 кола, откако во драматично гостување во Волфсбург се „вадеше“ по раната негатива и стигна до 1:2 победа со пенал во 91. минута од играта.

Волфсбург стигна до водство уште во осмата минута откако Даниел Дидави беше највисок во скокот по нафрлањето на Мали за шок на шампионите на „Фолскваген арената“. Овој резултат беше актуелен во текот на целото прво полувреме, и Баварците добија шанса за израмнување во 55. минута, кога беше досуден оправдан пенал за Баерн.

Сепак, Коен Кастелс успеа да го одбрани ударот на Арјен Робен на радост на домашните навивачи. Робен се „оправда“ во 64. минута, кога му намести совршена топка на Сандро Вагнер за израмнување. Робен беше клучниот човек и во финишот на натпреварот, кога на фаул над него беше досуден вториот пенал, кој Роберт Левандовски овојпат не го згреши.

БУНДЕСЛИГА, 23. КОЛО

Келн – Хановер 1:1

Фрајбург – Вердер Бремен 1:0

Хамбургер – Баер Леверкузен 1:2

Волфсбург – Баерн Минхен 1:2

Scroll to Top