Top Sport

Саутемптон ја зголеми мизеријата на ВБА (видео)

Саутемптон го совлада Вест Бромвич Албион на гости со 1:2 за да се пласира во четврт-финалето на ФА купот и уште повеќе да ја влоши сезоната на последнопласираниот тим во Премиер лигата.

Составот на Алан Пардју беше на насловните страници во Англија поради погрешни причини, откако четири нивни фудбалери беа вклучени во инцидент во Барселона, кога украдоа такси за да се повозат низ градот додека беа во Шпанија на „тим-билдинг“ по тешките натпревари во Премиер лигата.

Гостите дојдоа до водство уште во 11. минута преку Холанѓанецот Хед, а во 55. минута Душан Тадиќ го зголеми водството на 0:2. Саломон Рондон намали на 1:2 само две минути подоцна, но и покрај притисокот до крајот на мечот, тимот од Бирмингем не успеа да направи целосен пресврт.

Во вториот меч, Брајтон успеа лесно со 3:1 да го совлада третолигашот Ковентри.

ФА КУП, 1/8 ФИНАЛЕ

Вест Бром – Саутемптон 1:2

Брајтон – Ковентри 3:1

Scroll to Top