Баерн Минхен се импресионирани од работата која Маурисио Почетино ја завршува со Тотенхем и сакаат Аргентинецот да биде наследникот на Јуп Хајнкес на клупата , тврди поранешниот фудбалер на Баварците, Дитмар Хаман.
Почетино го презеде тимот од северен Лондон во 2014 година и го трансформираше во тим кој се бори за првите позиции во Премиер лигата, а претходно шпекулациите го поврзуваа и со Реал Мадрид, тим кој секогаш го почитувал. Сега, Хаман вели дека Почетино е прв фаворит за на „Алијанц арената“.
„Знам дека Баерн се во контакт со Почетино и дека тој беше опција и претходно. Некои велат дека тренер на Баварците мора да е Германец, но тоа според мене не е најважното. Дури и Пеп Гвардиола не беше совршен. Треба да се избере најдобриот достапен тренер. За мене, тоа е Почетино“, вели Хаман во интервју за „Скај“.
Ветеранот Хајнкес повторно направи „магија“ со Баерн, носејќи ги до четврт-финале од Лигата на шампионите и правејќи огромна предност на врвот на Бундеслигата откако го замени Карло Анчелоти. Сепак, тој повеќе пати изјави дека неговиот договор е само на една година и дека не планира да остане тренер и следната сезона.
Фото: ЕПА