Top Sport

Баерн влезе во трката за потписот на Драгушин

Стоперот на Џенова, Раду Драгушин е еден од најбараните оваа зима, во трката за неговиот потпис се вклучи и Баерн Минхен.

Оваа вест ја пренесоа романски медиуми, кои тврдат дека Баварците стапиле во контакт со неговиот менаџер и рекле дека ќе се обидат да го реализираат неговиот трансфер.

Баерн се обидува да му ја расипе зделката на Тотенхем, додека Наполи отпадна од трката бидејќи не е подготвен да плати 30 милиони евра.

Томас Тухел бара од челниците да му донесат уште еден стопер, негова најголема желба останува Роналд Араухо.

Драгушин има само 21 година, оваа година е еден од најдобро оценетите играчи во Серија А.

Scroll to Top