Top Sport

Баерн во драматичен финиш се спаси од срамна елиминација од Бохум (видео)

Баерн Минхен беше пред сензационално испаѓање во 1/16 финалето од Германскиот куп, откако нископласираниот второлигаш Бохум до 83. минута од мечот имаше водство од 1:0, пред во луда завршница, Серж Гнабри и Томас Милер да постигнат голови за 2:1 победа.

Бохум стигна во водство во 36. минута откако Алфонсо Дејвис си ја смести топката во сопствената мрежа, и притисокот раснеше на тренерот Нико Ковач, пред Гнабри да ја продолжи својата голгетерска серија во 83. минута. Домашниот тим потоа остана со играч помалку по црвениот картон на Бела-Кочап во 88. минута, пред Милер да обезбеди пласман понатаму за Баварците.

ДФБ КУП, 1/16 ФИНАЛЕ

Дуизбург – Хофенхајм 0:2

Фрајбург – Унион Берлин 1:3

Хамбургер – Штутгарт 1:1, 1:2 по продолженија

Сарбрикен – Келн 3:2

Бохум – Баерн Минхен 1:2

Scroll to Top