Челниците на германскиот великан Баерн Минхен до крајот на зимскиот преоден рок имаат намера да ангажираат десен бек. „Билд“ открива дека Баерн во Шпанија го бара засилувањето за позицијата на која Баварците го имаат Џошуа Кимих.
Според новинарот Кристијан Флак, Баерн ќе избираат помеѓу Алваро Одриозола од Реал Мадрид и Нелсон Семедо од Барселона.
Како сега стојат работите многу пореално е играчот на Реал да се пресели во Минхен и тоа на позајмица со право на откуп на неговиот договор. Одриозола има 24 години, а во Реал пристигна од Реал Сосиедад во 2017 година за 30 милиони евра.
Играчот оваа сезона има одиграно само пет натпревари поради што имал желба да го напушти клубот. Интерес за него покажувале и од Атлетик Билбао и Севилја.
Португалецот Семедо бил трансфер цел на Баерн и пред три сезони, но тогаш тие не сакале да и платат на Бенфика 35 милиони евра. Семедо од почетокот на сезоната беше први избор на Ернесто Валверде, но по повредата тој игра малку. Инаку Семедо во летниот преоден рок имаше желба да замине од Барселона, но никој не сакаше да плати 40 милиони евра за неговите услуги.