Top Sport

Норвешка без Ред до крајот на ЕП

Ракометната репрезентација на Норвешка ослабена влегува во решавачката фаза на Европското првенство.

Селекторот на оваа селекција Кристијан Берге до крајот на првенството нема да може да ги корити услугите на десниот бек Магнус Ред.

Играчот на Фленсбург очувствувал болка на натпреварот со Шведска, се обидел но не можел да игра. Прегледите по мечот покажале дека тој имал сериозна повреда на стапалото.

Во досегашниот тек на Европското првенство Ред постигнал 12 голови од 20 обиди.

Норвешка денес игра со Исланд и со победа ќе го обезбеди првото место во групата.

Scroll to Top