Баерн Минхен се врати на -6 од лидерите Борусија Дортмунд по лесната 4:1 победа над Штутгарт, оставајќи ги гостите во зоната за испаѓање.
Тијаго Алкантара ги донесе Баварците во водство уште во петтата минута од мечот, меѓутоа гостите израмнија со прекрасниот гол на Гркот Анастасиос Донис во 26. минута.
Второто полувреме целосно им припадна на Баварците. Кристијан Гентнер си постигна автогол во 55. минута, а Роберт Левандовски утна пенал десет минути подоцна кога го погоди дирекот. Сепак, победата не им избега на домаќините – Леон Горецка во 71. минута зголеми на 3:1, пред Левандовски да се „поправи“ и да го погоди голот во 84. минута.
Со победата, Баерн има 42 поени зад Борусија Дортмунд со 48, додека Штутгарт се на 16. место со 14 поени, еден поен од зоната за испаѓање.
Фото: ЕПА