Top Sport

Нова мајсторија на Меси, Барса го доби „малото“ каталонско дерби со Џирона (видео)

Барселона стигна до 2:0 победа на гостувањето кај малиот каталонско сосед Џирона за да ја врати предноста на табелата во Ла лига на пет поени пред Атлетико Мадрид.

Нелсон Семедо ги донесе гостите во водство уште во деветтата минута по ужасната интервенција на дефанзивците на Џирона, но за втор гол се чекаше долго. Прво, Бернардо Еспиноза доби црвен картон во 51. минута, по што Лео Меси постигна еден прекрасен гол по асистенција на Жорди Алба во 68. минута.

Барселона има 49 поени на врвот на Ла лига, Атлетико е втор со 44, следуваат Севилја и Реал Мадрид со по 39 поени, иако Реал има натпревар помалку (вечерва гостува на Еспањол).

Фото: ЕПА

Scroll to Top