Баерн е заинтересиран за офанзивниот играч за врска Флоријан Вирц (20), објави инсајдерот на „Скај спорт“, Флоријан Плетенберг.
Вирц, играч на Баер Леверкузен, е еден од најголемите светски таленти, интерес за него покажува и Барселона. Плетенберг открива дека Вирц има желба да се пресели во Баерн, додека трансфер во странство моментално не е опција.
Вирц е на врвот на листата на желби на Баерн за 2024 или 2025 година, но неговиот евентуален трансфер зависи од останувањето или заминувањето на Џамал Мусиала и Томас Милер, чии договори важат до 2026, односно 2024 година.
Доколку клубот од Минхен одлучи да го донесе Вирц, Баер ќе бара 120-130 милиони евра. Баерн на тој начин би го соборил клупскиот рекорд за највисоко платено обештетување.
Во моментов најскап трансфер е тој на Хари Кејн кој со бонуси може да достигне 110-115 милиони евра.
Виртц во 2020 година пристигна во јуниорскиот тим на Баер. Оваа сезона, тој постигна шест и асистираше за десет гола на 18 настапи за неговиот тим кој е на првото место во Бундеслигата под водство на тренерот Чаби Алонсо.
Тој веќе има 14 настапи за германската репрезентација, а „Трансфермаркт“ неговата вредност ја проценува на 85 милиони евра.