Top Sport

Баерн заинтересирани за Осимен, Наполи бара 100 милиони евра

Баерн Минхен се заинтересирани да го добијат нигерискиот напаѓач на Наполи, Виктор Осимен по неговиот импресивен старт на сезоната 2021/22, тврди „Калчомеркато“.

22-годишниот Осимен стана најскапиот африкански фудбалер во историјата со трансферот во Наполи, кои платија 70 милиони евра за него, и по просечната мината сезона, оваа година е во одлична форма со што се промовира во еден од најдобрите млади напаѓачи на светот.

Газдата на Наполи, Аурелио де Лаурентис би сакал да го заддржи Осимен барем уште една сезона, но според „Калчомеркато“ било која понуда од 100 милиони или повеќе би била прифатена.

Scroll to Top