Top Sport

Петте замени стануваат постојани од следната сезона?

Според британскиот „Тајмс“, правилото за пет замени во еден натпревар, кое беше донесено за време на пандемијата на КОВИД-19, ќе стане постојано од следната сезона.

ИФАБ, Интернационалниот борд кој ги поставува правилата на фудбалската игра, ја поддржува промената и предлогот ќе биде поставен на состанокот следниот месец, пред на генералното собрание во март правилото да стане постојано.

Повеќето европски лиги го усвоија правилото минатата година, како привремена мерка да се помогне на клубовите и тренерите со можните отсуства поради корона вирусот, но тоа остана на сила во Серија А и во натпреварувањата на УЕФА, како Лига Европа и Лигата на шампионите, додека Премиерлигата се врати на правилото на три замени во еден меч. Тие кои ќе се решат да останат со три замени, ќе имаат право да го направат тоа.

Scroll to Top