Top Sport

Баерн заработиле најмногу, Славија и Црвена звезда најмалку

Баерн Минхен ја предводат листата на клубови што заработиле најмногу пари сезонава од натпреварите по групи во Лигата на шампионите. На дното на оваа листа се Локомотив Москва, Генк, Црвена ѕвезда и Славија Прага.

Пресметките околу распределбата на парите во Лигата на шампионите ги направил специјализираниот сервис „Свис симбол“.

Баерн Минхен натпреварите во групата ги заврши со сите шест победи. Секоја победа УЕФА ја наградува со 1,5 милиони евра. Кога на оваа сума ќе се додадат сумите од фиксниот износ што УЕФА им го доделува на сите тимови, ТВ права, бонусот за настапите и бонусот одреден со коефициентот на УЕФА (минат труд), Баварците вкупно заработиле 82 милиони евра.

Еден милион евра помалку заработиле од Барселона, додека во касата на Јувентус се слеале 80 милиони евра. Следуваат Манчестер сити (78), Ливерпул (76), Пари Сен Жермен и Реал Мадрид (75), Чекси и Атлетико Мадрид (73) и Борусија Дортмунд (63).

На дното се Динамо Загреб, Бриж и Галатасарај со по 28 милиони евра, односно Локомотив и Генк (25) и Црвена ѕвезда (20) и Славија Прага (19).

Во однос на претходниот двегодишен циклус клубовите добија за 54 отсто повеќе пари, а фондот е зголемен од 1,2 милијарди на 1,9 милијарди евра.

Последиците на новиот систем на распределбата на парите најдобро го отсликува примерот на Аталанта. Тимот од Бергамо избори пласман во осмина-финалето и заработи 40 милиони евра. Оваа сума е за еден милион евра помала од онаа што ќе ја добие Интер кој ги заврши со настапот во Лигата на шампионите.

Scroll to Top