Top Sport

Непознат купувач платил еден милиони долари за бејзбол палката на Бејб Рут

Бејзбол палката на американската национална спортска икона Џорџ Херман „Бејб“ Рут е продадена за над еден милион долари, објави аукциската куќа СЦП.

Палката Бејб Рут ја подарил на пријател во 1940 година. На аукцијата палката била продадена за 1.000.800 долари. Аукциската куќа СЦП не го соопштува името на купувачот.

„Предметите на Бејб Рут и натаму се едни од најценетите спомени во колекционерскиот свет“, изјавил Дејвид Колер, директорот на СЦП.

Бејб Рут многумина го сметаат за најдобриот играч на бејзбол на сите времиња и за еден од најголемите спортисти што САД некогаш ги имале.

Во кариерата 22 сезони, до 1934 година, играл за Бостон Ред сокс и Њујорк Јенкис, а се пензионирал во 1935 година во дресот на Бостон Брејвс.

Починал на 16 август 1948 година на 53 годишна возраст.

Scroll to Top