Top Sport

Баји му се извини на Ришарлисон за бруталниот удар

Ерик Баји и Ришарлисон си разменија пораки на Инстаграм по вчерашниот инцидент на мечот од Карабао купот меѓу Манчестер јунајтед и Евертон, во кој Бразилецот доби повреда на главата откако беше ставен во брутален „сендвич“ меѓу Баји и Бруно Фернандеш.

Баји и Фернандеш не добија картони за стартот, но фудбалерот од Брегот на Слоновата Коска потоа му се извини на 23-годишниот Ришарлисон за инцидентот.

„Жал ми е, чувај се мал брату, ти си најдобар“, му напиша Баји на Ришарлисон.

Поранешниот напаѓач на Вотфорд не беше лут: „Нема проблем, ти си многу добар одбранбен играч, благодарам за пораката“.

Scroll to Top