Top Sport

Клоп: Мехмет Шол знае за фудбалот, колку што јас знам за автомобили

Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп влезе во остар напад на поранешниот фудбалер на Баерн Минхен, Мехмет Шол, велејќи дека тој знае за тренерската работа, колку што Клоп знае за производство на автомобили.

Клоп се налути за коментарите кои Шол ги имаше за Един Терзиќ, 38-годишниот поранешен скаут на Клоп во Борусија Дортмунд, кој неодамна стана тренер на „милионерите“ по отказот на Лусиен Фавр.

„Нема многу нешто во неговите зборови. Како да кажеш дека утре ќе излезе сонцето, неговите анализи се небулозни. Кој му дал право на Мехмет Шол да ги цени тренерите? Тоа е како јас да зборувам за производство на автомобили. Тој се обиде да биде тренер, двапати на резервниот тим на Баерн, но не можеше да го направи тоа, а сега зборува како да јадел мудрост со лажица“, вели Клоп за „Билд“.

Шол поголемиот дел од кариерата ја помина во Баерн, со кои освои осум титули од Бундеслигата, пет германски купови и еден трофеј од Лигата на шампионите. Тој имаше и 36 настапи за германската репрезентација.

Scroll to Top