Top Sport

„Бајрон Кастиљо не постои. Тој е дух. Еквадор мора да биде исфрлен од СП“

Бајрон Кастиљо, десниот бек на еквадорската репрезентација, всушност е Колумбиец, тврдат Чилеанците. Тие бараат Еквадор да биде елиминиран од Светското првенство во Катар. За тоа веќе е информирале ФИФА, наведува Марка, пишувајќи за скандалот во јужноамериканските квалификации за Светското првенство во Катар.

„Марка“ во март стапиле во контакт со адвокатот на Фудбалскиот сојуз на Чиле, Едуардо Карлеза, кој го информирал овој медиум за сите неправилности поврзани со овој случај. Адвокатот рекол дека поседува документи кои тоа го потврдуваат.

Кастиљо за Еквадор, од можните девет одигра само два натпревари во квалификациите.

„Поднесовме жалба до ФИФА за овој сериозен инцидент. Темелно го истраживме случајот за да утврдиме каде е роден играчот и сосема е јасно дека е роден во Колумбија. Категорично тврдиме дека Бајрон Хавиер Кастиљо Сегура е роден во Тумац на 25. јули 1995 година и дека Бајрон Дејвид Кастиљо Сегура, наводно роден на 10.ноември 1998 година, не постои. Тој е дух. Тој е фалсификатор, направил кривично дело според еквадорскиот закон“, тврди Карлецо.

Адвокатот Фудбалскиот сојуз на Чиле тврди дека фалсификувањето на документи започнало во Еквадор во 2012 година кога Кастиљо бил регистриран за тамошниот клуб Норте Америка.

Во тој скандал биле уапсени неколку лица. Чилеанците побараа сослушување и се надеваат дека исходот на случајот ќе го елиминира Еквадор од Светското првенство и нив ќе ги однесе во Катар.

Scroll to Top