Top Sport

Бакајоко: Не го навредив тренерот Гатузо

Играчот на Милан, Тиемуе Бакајоко, негира дека одбил да влезе во игра на синоќешниот натпревар против Болоња и дека со вулгарни зборови му се обратил на тренерот Џенаро Гатузо.

Наводно Гатузо му рекол на Бакакојо да оди на загревања, на фудбалерот на тренерот му порачал да се е.е. Тоа може да се забележи на снимката, а Гатузо му реко дека по мечот ќе разговараат.

Ден по инцидентот и натпреварот се огласи Бакајоко, кој како позајмен играч од Челси, оваа сезона го носи дресот на Милан.

„Ми рекоа да се подготвам во случај да биде неопходна замена, јас бев подготвен веднаш да влезам. Се загревав 2-3 минути и потоа ми рекоа да се вратам на клупата. Тоа се случуваше помеѓу 23 и 26 минута. Кога седнав на клупата тренерот зборуваше нешто, а јас само ги повторив неговите зборови. Сега да појаснам. Никогаш не сум одбил да влезам во игра. Секогаш сакам да играм за да му помогнам на тимот. Тренерот може да потврди дека не одбив да влезам во игра“, рекол Бакајоко.

Скандал во Милан – Бакајоко до Гатузо: Оди е.и се, човеку! (видео)

Scroll to Top