Милан официјално потврдија дека Тиемуе Бакајоко повторно пристигнува на „Сан Сиро“ како позајмен фудбалер од Челси.
Фудбалерот од средниот ред минатата сезона ја помина како позајмен фудбалер во Наполи, и потпиша договор за двегодишна позајмица со опција за купување.
„Милан се презадоволни што можат да го потврдат пристигнувањето на Тиемуе Бакајоко од Челси на двегодишна позајмица. Бакајоко веќе играше за Милан во 2018/19, постигнувајќи еден гол во 42 настапи“, се вели во објавата на Милан.
Бакајоко пристигна во Челси од Монако во јули 2017 година за 40 милиони евра, но не успеа да се пробие во првиот тим на „сините“.
Official Statement: @TimoeB08 ➡ https://t.co/eu8gxPt8Bq
Comunicato Ufficiale: Tiémoué Bakayoko ➡ https://t.co/nbmqDJBaZl #SempreMilan #NewPlayerUnlocked pic.twitter.com/5Ts10sAcTs
— AC Milan (@acmilan) August 30, 2021