Top Sport

Бакамбу пред трансфер во Барселона

Барселона, во зимскиот преоден рок, има план да ги засили своите редови. Акцент ќе биде ставен на напаѓачкиот дел. Серхио Агуеро поради проблеми со срцето ќе паузира најмалку три месеци, додека новиот тренер Чави, ќе го врати Лук Де Јонг во Севилја.

Шпанските медиуми секојдневно шпекулираат со потенцијалните засилувања. „АС“, тврди дека на „Ноу Камп“, ќе дојде искусен напаѓач, за кого клубот нема да плати обесштетување.

Седрик Бакамбу, поранешниот напаѓач на Виљареал, се поврзува со Барселона. Бакамбу три сезони играше во Виљареал, клубот го напушти во 2018 година. За 30 милиони евра тој замина во Пекинг Гуан.

Договорот на Бакамбу со Пекинг истекува во јануари.

Францускиот фудбалер, како играч на Виљареал, одиграл 75 натпревари во Ла Лига, постигнал 32 гола.

Scroll to Top