Top Sport

Балде во јануари си оди од Барселона

Бекот на Барселона, Алехандро Балде, ќе бара нов клуб во јануари.

Како што објавија каталонските медиуми, Барселона нема да му стои на патот, поради што неговиот менаџер Жорге Мендеш веќе почнал да му бара нов клуб.

Според извештаите, седум клуба покажале интерес: Ливерпул, Манчестер Сити, Манчестер Јунајтед, Тотенхем, Астон Вила, Јувентус и Рома.

Позајмица со опција за откуп се смета за најреално решение, а Шпанецот ќе ја донесе конечната одлука во декември.

Во Барселона се надеваат дека овој потег би можел да ја зголеми вредноста на Балде пред потенцијалниот траен трансфер следното лето, иако не е невозможно некој клуб да се реши веднаш да го реализира трансферот.

Балде целосно падна во втор план оваа сезона, предност кај Ханси Флик имаат Чави Еспарт и Жоао Кансело, а тој не играше ниту по бројните повреди во задната линија на одбраната.

Тој е дете на клубот, доби шанса кај Чави Ернандез, беше важен дел на тимот во првата сезона на Флик, но со текот на времето стагнираше.

Балде одигра 173 натпревари за првиот тим на Барселона, постигна три гола и имаше 21 асистенција, а освои и три титули во Ла Лига и Суперкупот на Шпанија, како и Купот на Кралот.

Foto/ Depositphotos

Scroll to Top function disable_right_click() { echo ""; } add_action('wp_footer', 'disable_right_click');