Top Sport

Балде во Монца до крајот на сезоната

Кеита Балде се врати во Серија А. Поранешниот играч на Лацио и Интер, кој првиот дел од сезоната го мина во турски Сивас, за кого одигра 11 натпревари и постигна еден гол, е нов играч на Монца.

Репрезентативецот на Сенегал пристигнува како слободен играч, а потпиша договор до крајот на сезоната со опција за продолжување на уште две години.

Балде претходните седум дена тренираше со Монца, а тренерот Алесандро Неста беше задоволен од тоа што го понуди, па побара од клупските членови да потпишат договор со сенегалскиот интернационалец.

„Ни треба таков тип на играч. Имав можност да го гледам додека играше за Лацио и морам да признаам дека одлично се претстави на тренинзите. Токму затоа решив да побарам од челниците на клубот да го потпишат, бидејќи верувам дека ќе ни помогне во офанзивниот дел од тимот, изјави Алесандро Неста.

Балде со репрезентацијата на Сенегал го освои Африканскиот куп на нации, по што се пресели во Лацио, со кого таа година успеа да се пласира во Лигата на шампионите.

Минатата недела тој и неговото семејство беа експонирани во медиумите, откако Ванда Нара поранешната сопруга на Мауро Икарди, откри дека имала афера со него во периодот кога тој и Икарди беа соиграчи во Интер.

Scroll to Top