Романија, Бугарија, Грција и Србија ќе поднесат заедничка кандидатура за организација на Светското првенство во фудбал што ќе се одржи во 2030 година, рекол српскиот претседател Александар Вучиќ.
Српскиот претседател ова го изјавил во Варна по состанокот со своите колеги, дополнувајќи дека идејата била на грчкиот премиер Алексис Ципрас, а дека истата била поддржана од премиерите на Романија и Бугарија Вјорикa Данчило и Бојко Борисов.
Вучиќ, исто така, рекол дека постои план Србија да се кандидира и за организација на Европското првенство во 2028 година.
„Тоа ќе биде проблем, но и поттик за да започнеме да работиме на нашите стадиони, да видиме на кој начин и како можеме да ја унапредиме спортската инфраструктурата“, рекол српскиот претседател.
Инаку, Светското првенство во 2022 година ќе се одржи во Катар, а во 2026 во Мексико, Канада и САД. Каде ќе биде одржано Светското првенство во 2030 година, ФИФА, ќе реши по завршувањето на СП во Катар.