Top Sport

Конте премногу барал, затоа Реал решиле да не го ангажираат

Антонио Конте нема да стане тренер на Реал Мадрид, бидејќи првиот човек на клубот, Флорентино Перез, не бил подготвен да ги исполни сите негови барања, открил поранешниот претседател на „кралскиот клуб“, Рамон Калдерон.

Конте, наводно побарал три годишен договор и работа за уште петмина негови стални соработници. Италијанецот, исто така барал и да биде директно вклучен во клупската трансфер политика.

„Мислам дека Конте не тренер каков што бараат на Бернабеу. Тој е како Мурињо, премногу е фокусиран на одбраната. Тоа не се очекува од Реал Мадрид“, рекол Калдерон и дополнил.

„Тој систем веќе е испробан со Мурињо. Тогаш не беше освоена Лигата на шампионите и потоа разделбата не беше пријатна“.

Реал, во понеделникот, го смени тренерот Хулен Лопетеги и како привремено решение за оваа функција го назначи Сантијаго Солари.

Scroll to Top