Един Џеко и Александар Коларов за Челси, Таулант Џака за Базел, Миларем Пјаниќ и Марио Манџукиќ за Јувентус…
Сите постигнаа клучни голови во своите мечеви во Лигата на шампионите и покажаа дека балканските простори секогаш давале исклучителни фудбалски таленти, посебно кога се работи за напаѓачкиот дел од фудбалот.
what a strike from Dzeko. wow. pic.twitter.com/nCMfHHOMa5
— amadí (@amadoit__) October 18, 2017
Репрезентативецот на Босна и Херцеговина, Џеко постигна два гола за римската „волчица“, откако претходно српскиот репрезентативец Александар Коларов го намали резултатот на 2:1. Водството 3:2 Рома не го задржа и одигра интересни 3:3 со Челси.
Haha this is Kolarov pic.twitter.com/IvZD2HhZNs
— ً (@ClinicalFirmino) October 18, 2017
Албанскиот репрезентативец Таулант Џака помогна Базел да стигне до 2:0 победа над ЦСКА Москва, додека Јувентус мораше да се спасува од несреќниот автогол преку уште еден репрезентативец на БиХ, Миларем Пјаниќ и столбот на хрватскиот напад во репрезентацијата, Марио Манџукиќ.
И покрај напаѓачкиот талент на репрезентацијата на Босна и Херцеговина, како и Македонија не успеа да се квалификува на Светското првенство во Русија, додека Србија на Коларов е сигурен патник. Манџукиќ со Хрватска ќе мора да ја мине Грција во баражот за дополнително место на Мундијалот.