Top Sport

Балотели, Аквилани, Диуф – најлоши засилувања на Ливерпул

Порталот „Ливерпул Еко“ направи листа на најлошите засилувања на овој клуб во историјата на Премиерлигата. На листата што ја состави порталот има 25 имиња.

Ливерпул никогаш не бил шампион откако е формирана Премиерлигата. „Црвените“ последен пат биле шампиони на Англија пред 30 години. Сезонава се на добар пат да го освојат трофејот, меѓутоа прашање е дали тоа ќе се случи бидејќи првенството е суспендирано на неодредено време поради коронавирусот.

Голмани: Даниеле Пандели, Адам Богдан, Шарл Итанџе

Одбрана: Маурисио Пелегрино, Габриел Палета, Пол Кончески, Хосеми, Торбен Пјечник, Кристијан Циге, Филип Деген, Али Сисоко, Џулијан Дикс

Среден ред: Лазар Марковиќ, Крстијан Поулсен, Алберто Аквилани, Жан-Мари Фери, Бруно Шејру, Бернар Диомед, Антонио Нуњес, Усама Асаиди

Напад: Милан Јовановиќ, Марио Балотели, Фабио Борини, Ел Хаџи Диуф, Шон Данди.

Scroll to Top