Top Sport

Осум клуба во коалиција против Манчестер сити

Осум екипи од Премиерлигата побарале Манчестер сити да не бидат дел од Лигата на шампионите наредната сезона. Осум од првите десет клуба на табелата веќе ангажирале адвокатска канцеларија која ќе ги застапува нивните интереси пред Судот за спортска арбитража во Лозана.

Како што објави „Дејли Мел“ осум клуба: Ливерпул, Манчестер Јунајтед, Арсенал, Челси, Лестер, Вулверхемптон, Тотенхем и Барнли ќе се борат СУдот во Лозана да ја потврди одлуката на УЕФА, односно да ја потврди двегодишната забрана за Манчестер сити која се однесува на нивното учество во европските купови.

Клубовите стравуваат дека поради вонредната ситуација предизвикана од пандемијата на коронавирусот ќе влијае постапката против Сити да не биде завршена во предвидениот рок и дека поради тоа „граѓаните“ наредната сезона повторно ќе играат во Лигата на шампионите.

„Доста е…Предолго Сити успеваа да се извлечат, предолго ги кршеа правилата на штета на најмалку еден клуб што не можел да се пласира во Лигата на шампионите. Постои страв дека ќе ја избегнат казната што би било премногу“, пишува „Дејли Мејл“ повикувајќи се на неименуван извор во клубовите.

Scroll to Top