Top Sport

Балотели: Чекаа Јуве да биде прв па да ја прекинат лигата

Напаѓачот на „фенерџијата“ Бреша, Марио Балотели на шега вели дека властите чекаа Јувентус да биде прв на табелата пред да донесат одлука за прекин на Серија А, кој ќе трае барем до 3 април.

Во „домашна атмосфера“ како повеќето луѓе во Италија, „Супер Марио“ беше зафатен со Инстаграм разговор со својот пријател Ер Фаина.

„Морате да останете дома момци, луѓето не ја сфаќаат сериозноста на тоа што се случува. И мене ми недостасува фудбалот, но мораме да останеме дома. Ако не останете, ќе излезам и ќе ви залепам еден шамар“, вели Италијанецот.

Тој исто на шега велеше дека Јувентус има повторно привилегирана позиција.

„Мораа да почекаат Јувентус да се врати на првото место пред да ја сопрат лигата. Искрено, се надевам дека нема да има повторен старт додека не се смири ситуацијата. Се лутев на стартот и кога барав да се сопре лигата, некои ме навредуваа. Сега, се надевам дека ја сфатија сериозноста на ситуацијата. Проблемот е во тоа што кога во Швајцарија ќе им кажат да седат дома, луѓето седат. Во Италија, никој не слуша никого“, вели Балотели.

Scroll to Top