Top Sport

Хабиб-Фергусон пред петто откажување – Њујорк забрани собирања на над 500 луѓе!

УФЦ пресметката помеѓу шампионот во лесна категорија, Хабиб Нурмагомедов и Тони Фергусон е пред свое петто (!) откажување, откако гувернерот на државата Њујорк, Ендру Куомо објави ограничување на собирања од над 500 луѓе.

Ова доаѓа откако безбол-лигата (МЛС), хокеарската лига (НХЛ) и фудбалската лига (МЛС) објавија дека шампионатите се на „пауза“ поради корона вирусот, а дуелот меѓу Нурмагомедов и Фергусон треба да се оддржи во „Барклис центарот“ во Бруклин, така што на УФЦ останува опцијата да го пресели дуелот на друго место или да го откаже.

УФЦ уште нема дадено официјално соопштение за пандемијата, но американските извори тврдат дека е можна преселба во нивниот приватен центар УФЦ Апекс во Лас Вегас.

Ситуацијата се компликува со ставот на Нурмагомедов за борби во Лас Вегас – Дагестанецот најави дека чека извинување за казната која ја доби за тепачката со тимот на Конор Мекгрегор по нивниот меч во октомври 2018.

Scroll to Top