Top Sport

Балотели е „најнепредвидливиот човек на светот“

Лес Чепмен, поранешниот менаџер на опремата во Манчестер сити, открива дека Марио Балотели бил убедливо „најнепредвидливиот човек на светот“, додавајќи дека кршел плазма ТВ уреди по добивање на црвени картони и оставил колекција на неплатени казни за паркирање кога заминал од „Етихад“.

Околу „лудоста“ на Балотели е доста пишувано, но сега Чемпен открива детали за двете и пол години кои Италијанецот беше во Сити. Чепмен, човекот кој му ја направи легендарната маичка „Зошто секогаш јас?“ на Балотели во мечот со Манчестер јунајтед во октомври 2011, вели дека уживал во соработката.

„Тој беше едноставно уникатен, најнепредвидливиот човек на платената. Кога доби црвен картон со Арсенал, ги фрли копачките во плазма ТВ уредот во соблекувалната. Но, тој беше умен човек, не беше глупав и беше многу дарежлив. Ќе отидеше во гаражата и ќе платеше гориво за сите или ќе најдеше бездомник и ќе му дадеше купче пари. Имаше автомобил со маскирни бои и се паркираше во центарот на Манчестер секој ден. Кога си отиде, во соблекувалната најдовме купче неплатени казни за паркинг“, вели Чепмен во интервју за „Дејли мејл“.

Балотели замина од Сити за Милан во јануари 2013 година, пред да се врати во Англија со Ливерпул летото 2014 година. Потоа следуваше очаен период на „Енфилд“, но тој полека ја враќа својата репутација во Ница во француската Лига 1.

Добредојдовте во лудиот свет на Марио Балотели

Scroll to Top