Марио Балотели влезе во контра-напад откако доби огромен број критики за слабиот меч против Полска по шпекулациите дека има вишок килограми и дека се појавил со 100 килограми на првите тренинзи со Ница.
Многумина го критикуваа селекторот Роберто Манчини што воопшто го постави во игра при 1:1 ремито со Полска. Сега, откако „Скај Италија“ поставија фотографија на Балотели како „Супер Марио“, Балотели се налути на коментарите под фотографијата.
„Кога ги читам овие коментари и гледам колку луѓето ме мразат во Италија не ми е убаво. Се надевам дека ќе продолжат да ме мразат кога ќе ми оди добро, бидејќи е добро да имаш постојаност. Имаше совршено добра причина зошто не се вратив во Серија а, и мислам дека сега им е јасна на сите“, напиша Балотели.