Top Sport

Литванците совршени и против Хрватска, Летонија ја „собори“ Словенија (видео)

Литванија остана со совршен скор во квалификациите за Светското првенство, откако на тешкото гостување во Осиек со 84:83 ја совлада Хрватска, оставајќи ги „коцкестите“ на последното место во групата.

Летонија пак, со 85:74 ја победи Словенија, која полека може да заборави на пласман на Светското првенство бидејќи сега има 2-5 скор.

Јанис Стрелникс и Јанис Тима имаа по 19 поени кај Летонците, додека кај Словенците најдобар беше Лука Рупник со 19 поени, а 12 имаше Видмар.

Турците беа сигурни во пресметката со Црна Гора добивајќи ги со 79:69, додека Италијанците се поиграа со Полска стигнувајќи до 101:82 победа.

СВЕТСКО ПРВЕНСТВО 2019, КВАЛИФИКАЦИИ

Украина – Шпанија 76:65

Летонија – Словенија 85:74

Турција – Црна Гора 79:69

Холандија – Унгарија 59:74

Хрватска – Литванија 83:84

Италија – Полска 101:82

И големите паѓаат! Украина ја победи Шпанија (видео)

Scroll to Top