Само два дена откако го прослави 29. роденден, контроверзниот италијански фудбалер, Марио Балотели наводно договорил соработка со нов клуб за сезоната 2019/2020, пишуваат италијанските медиуми.
Според информациите, тоа нема да е Фламенго, туку италијанска Бреша. Договорот ќе биде потпишан на три години, а официјална потврда на ангаѓманот на „Супер-Марио“ треба да има утре, откако тој ќе ги помине прегледите.
Клубот од северот на Италија беше упорен да го донесе екс-репрезентативецот во своите редови во сезоната кога повторно се дел од Серија А.
Балотели се враќа во Италија по неколку сезони поминати во Франција, во тимовите на Ница и Олимпик Марсеј.