Top Sport

Солскјер го брка Санчез, инцидентот со Гринвуд ја „прелил чашата“

Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Оле Гунар Солскјер има намера да го продаде напаѓачот Алексис Санчез. Тоа е тешко изводлива опција затоа што неделната плата на Чилеанецот е високи 550.000 евра, па тешко дека ќе се појави заинтересиран клуб кој би го довел во своите редови.

Италијанска Рома е заинтересирана да дојде до искусниот напаѓач, ама проблем е платата која е трипати повисок од најплатениот играч кај „волчицата“, Хавиер Пасторе.

Рома е согласна да го доведе Санчез на позајмица, доколку Јунајтед е подготвен да му дава дел од платата според договореното.

Она што во Јунајтед е поважно, зошто сакаат да се ослободат од фудбалерот е фактот што останатите играчи кои имаат шанса да направат трансфер на „Олд Трафорд“ бараат иста плата како Чилеанецот.

Покрај тоа, Солскјер не е импресиониран од Санчез, а дополнителна причина е инцидентот во кој беше вмешан и Чилеанецот.

Имено, на еден од првите тренинзи на подготовките за новата сезона, младиот 17-годишен играч на „ѓаволите“ Мејсон Гринвуд имал поостар старт на тренингот, на што Санчез бурно реагирал. Тоа не му се допаднало на менаџерот, па наводно по тоа се решил играчот кој претходно настапуваше за Барселона и Арсенал да го напушти клубот или да биде испратен да тренира со Б-тимот на Јунајтед.

Scroll to Top