Top Sport

Балотели иако уште не направи трансфер, веќе се пресели во Марсеј

Иако трансферот на Марио Балотели од Ница во Марсеј уште не е потврден, контроверзниот Италијанец веќе си заминал од изнајмениот дом во Ница и ги преселил своите работи во големиот град на југот на Франција.

Според весникот „Нис-Матан“, неговиот трансфер е веќе „завршена работа“, откако тој си заминал од изнајмениот дом во Вилефранс-сур-Мер и веќе дел од работите ги поставил во складишта во Марсеј.

Се очекува Балотели да го раскине договорот со Ница со „взаемна согласност“, бидејќи тој му завршуваше во текот на летото, но тренерот Патрик Виера веќе неколку пати призна дека е „невозможно“ да се работи со напаѓачот. Бало би се приклучил на Марсеј како слободен агент и би работел со поранешниот тренер на Рома, Руди Гарсија, кој има високо мислење за него.

Виера: Би сакал да можам да го треснам Балотели од ѕид !

Scroll to Top