Марио Балотели има нов клуб. Контроверзниот напаѓач кариерата ќе ја продолжи во Турција. Балотели се договорил со Адана Демирспор.
„Речиси се е договорено. Завршивме 85 отсто од работата. Марио ни кажа дека сака да дојде и дека ќе пристигне во Турција наредната недела“, рекол претседателот на Адана, Мурат Санчак.
Балотели во Адана се сели како слободен играч, откако му заврши договорот со Монца.
Марио Балотели во кариерата има настапувано во Интер, Манчестер сити, Ливерпул, Ница, Марсеј и Бреша.