Францускиот спортски весник „Л’Екип“ тврди дека италијанскиот напаѓач Марио Балотели имал над 100 килограми кога се појавил на тренинзите со неговиот клуб Ница ова лето.
Поранешниот напаѓач на Милан, Манчестер сити и Ливерпул, беше критикуван за слабата игра при 1:1 ремито со Полска во петокот, по што Роберто Манчини не го повика за мечот со Португалија вчера (кој „аѕурите“ го загубија со 1:0).
Балотели, кој е висок 189 сантиметри, и има „запишана“ тежина од 88 килограми, но според „Л’Екип“ се појавил видно здебелен на тренинзите и не се обидел да работи, бидејќи верувал дека ќе оствари трансфер. „Л’Екип“ написот го завршува со констатацијата дека Манчини воопшто не требал да го стави во составот со „таа тежина“.
Фото: ЕПА