Top Sport

Балотели „исчезна“ од Бреша

Италијанските медиуми јавуваат дека Марио Балотели нема никаков контакт со својот клуб Бреша и дека не се појавува на тренинзите, зголемувајќи ги шпекулациите дека проблематичниот напаѓач веќе го напуштил клубот.

Минатата недела, Супер Марио ги отфрли шпекулациите за проблеми со клубот кој е закован на дното на Серија А, и продолжи со индивидуални тренинзи, додека остатокот од тимот работеше со тренерот Диего Лопез. Ваквата ситуација траела неколку дена, но денеска Балотели воопшто не се појавил во клубот, тврди „Ла газета дело спорт“.

Уште поинтересно, кога клубот бил запрашан за коментар околу ситуацијата, тие кратко одговориле: „Немаме коментар“.

29-годишниот Балотели има договор со Бреша до јуни 2022 година откако минатото лето пристигна во клубот од градот каде што израсна од Марсеј.

Scroll to Top