Top Sport

Балотели ја напушта Бреша?

Марио Балотели во јануари има опција да ја напушти Бреша во слободен трансфер потврдил претседателот на клубот Масимо Челино.

Првиот човек на клубот порачал дека Балотели би можел да замине поради расистичките навреди што ги добива од навивачите.

„Марио е тажен бидејќи не може да му се посвети само на фудбалот. Мислеше дека во Серија А ќе му биде многу полесно. Во јануари може да замине, може да избере. Не би сакал да го направи тоа, бидејќи и двајцата ќе го загубиме облогот“, рекол Челино.

Балотели во летниот преоден рок потпиша договор со клубот од родниот град. Во Серија има одиграно девет натпревари на кои постгнал два гола.

Претходно бил играч на Марсеј, Ница, Ливерпул, Милан, Манчестер сити и Интер.

Scroll to Top