Top Sport

Ангола ја прегази Словенија

Ракометната репрезентација на Ангола приреди големо изненадување на Светското првенство во Јапонија. Во рамките на третото коло, во А-групата, Агола ја декласира Словенија со 33:24.

Конечниот исход е сензационален бидејќи претходно Србија и Холандија лесно ја победија Англоја, додека Словенките во првото коло ги победија Холанѓанките кои се во кругот на фаворитките за освојување на медал.

Касома и Азенаиде со по шест гола беа најефикасни кај Англоа, додека Тјаша Станко за Словенија постигна девет гола.

На табелата Англоа и Словенија имат по една победа и два порази.

Scroll to Top