Марио Балотели до крајот на преодниот рок ќе ја напушти Џенова, во која пристигна пред три месеци.
Марко Отолини, директорот на тимот од северна Италија најави дека се обидуваат да најдат најдобро решение за сите страни.
„Марио има скромна минутажа. Се надевам дека ќе му најдеме клуб во кој ќе може да игра повеќе“, истакна Отолини.
Балотели пристигна во Џенова на крајот на октомври минатата година како слободен играч, а една од главните причини поради кои го облече дресот на „Грифоните“ беше тренерот лберто Џилардино.
Сепак, по само неколку дена, Џилардино доби отказ, а тренерското место го презеде Патрик Виеира, со кого „Супер Марио“ имаше големи несогласувања додека настапуваше за Ница (2016-2019).
Под стручниот штаб на Виеира на шест натпревари во Серија А одигра само 56 минути.