Top Sport

Балотели ќе игра против Македонија

Роберто Манчини ќе го повика Марио Балотели во националниот тим, за бараж натпреварите, за пласман на Светското првенство во Катар. Медиумите на Апенинскиот полуостров, тврдат дека наскоро Манчини ќе ја објави оваа одлука.

Балотели (31), последен пат за Италија играл пред три и пол години. Лошото момче на италијанскиот фудбал дебито за азурите го имаше на 19 години. Досега во кариерата има одиграно 36 натпревари, на кои постигнал 14 голови.

Балотели има одлична сезона во Адана, во статистиката запишал осум гола и четири асистенции на 20 одиграни натпревари.

Италија во полу-финалето на 245.март, во Палермо ќе ја пречека Македонија. Победникот од овој дуел, четири дена подоцна во финалето ќе игра против Португалија или Турција.

Scroll to Top