Top Sport

Балотели ќе ја напушти Адана

„Најлудата фудбалска глава“, Марио Балотели ги шокира челниците на турскиот прволигаш Адана. Балотели во финишот на преодниот рок решил да го напушти клубот.

Италијанецот наводно решил да се пресели во Сион со кој ги договорил условите за соработка и утре би требало да ги помине медицинските прегледи пред да потпише за швајцарскиот клуб.

Трансферот е вистинско изненадување бидејќи Балотели има договор со Адана до 2024 година.

Марио Балотели во Адана пристигна во 2021 година, одигра 33 натпревари, постигна 18 голоа.

Scroll to Top