Top Sport

Балотели му плати 2.000 евра за да скокне в море со својата веспа (Видео)

Марио Балотели лошото момче на светскиот фудбал, во моментов е без клуб, но како се забавува на одморот, изгледа дека не е загрижен поради тоа.

Балотели, кој сезоната ја заврши во Олимпик Марсеј, со својата ќерка е на одмор во Неапол, а на „Инстаграм“ покажа дека добро се забавува.

Тој на еден човек му ветил 2.000 евра доколку скокне со својата веспа во морето. Откако непознатиот господин го исполнил својот дел од задачата, си ја заработил и паричната награда.

 

View this post on Instagram

 

Buongiorno così ! ??? (Vespa ripescata).

A post shared by Mario Balotelli???‍?‍?? (@mb459) on

Scroll to Top