Top Sport

Швеѓанките „бронзени“ на СП

Женската фудбалска репрезентација на Шведска го освои бронзениот медал на Светското првенство. Во „малото финале“, Швеѓанките со 2:1 ја совладаа репрезентацијата на Англија.

Натпреварот за бронзата беше решен во првото полувреме, кога беа постигнати трите гола.

Швеѓанките постигнаа два гола во првите 20 минути. Најпрвин во 11 минути погоди Аслани, а во 22 минута гол постигна и Јакобсон. Десет минути подоцна единствениот гол за Англија го постигна Кирби.

Пет минути подоцна Англичанките постигнаа уште еден гол, кој судијата го поништи откако ја прегледа снимката.

Големото финале на програмата е в недела од 17 часот, а за титулата ќе играат САД и Холандија.

Scroll to Top